Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕУ: Засега нема закана од мигрантски бранови поради војната во Иран

/

пред 219 дена

Сподели преку :

Европската комисија соопшти дека во моментов не се очекува конфликтот во Иран да предизвика масовна миграција кон Европа.

Ситуацијата се следи внимателно, но засега нема индикации за значајни движења на луѓе кон ЕУ. Комесарот за миграција на ЕУ, Магнус Брунер, по разговорите со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, истакна дека Турција ја затворила границата кон Иран, што дополнително ја намалува можноста за миграции преку тој правец.

Брунер додава дека ЕУ редовно комуницира со партнерите од Блискиот Исток и со меѓународните организации за следење на ситуацијата и дека властите се подготвени да реагираат доколку се појави каква било промена во текот на конфликтот.