Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Евакуиран Ист Гејт Мол

/

пред 143 дена

Сподели преку :

Посетителите на скопскиот трговски центар „East Gate Mall“ денеска биле повикани мирно и без паника да го напуштат објектот, поради евакуација што била спроведена во трговскиот центар. Во моментов нема официјални информации за причините за евакуацијата иако се слушале аларми.

Според сведоштва на присутни граѓани, обезбедувањето ги насочувало посетителите кон излезите, додека надлежните служби вршеле проверки на терен.

Од СВР Скопје за Телма информираат дека до нив не стигнала дојава за поставени експлозивни направи во било кој од трговските центри во земјава.

Пред околу четири недели беа регистрирани дојави за поставени експлозивни направи во трговските центри „East Gate Mall“ и „Diamond Mall“, кои подоцна се покажаа како лажни. Слични закани во скопските трговски центри се повторуваат со години, а досега надлежните не го открија идентитетот на лицата што стојат зад нив.