Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Евентуална кривична одговорност кај стручниот кадар ќе утврдуваат надлежните служби за запишувањето на студенти на магистерски студии

/

пред 169 дена

Сподели преку :

Прашањето за евентуална кривична одговорност кај стручниот кадар што го дозволил случајот ќе го утврдуваат надлежните служби, посочува министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Вкупно 11 студенти кои биле запишани на мастер и на докторски студии на Филозофскиот факултет им се прекинува активниот статус и им се поништени студиите.

„Би сакала да верувам дека ова е изолиран случај и дека не е тенденциозно направен, но токму поради тоа другите институции ќе си го кажат зборот и како ќе утврдат тие така и ќе биде“, изјави Весна Јаневска министерка за образование и наука.

Освен овие случаи, засегнати се уште осум лица кои веќе се стекнале со звањето магистер на истиот факултет, а имаат завршено стручни студии. Дали нивните дипломи ќе бидат поништени допрва ќе се одлучува.

„Јас се уште го чекам извештајот но доколку се поништи уписот следи и поништување на дипломите“, рече Весна Јаневска министерка за образование и наука

На 11 студенти запишани на магистерски и докторски студии на Филозофскиот факултет им е прекинат активниот статус и им се поништени студиите.

Државниот просветен инспекторат утврдил дека тие не ги исполнувале условите, односно немале право да се запишат на постдипломски студии бидејќи претходно завршиле стручни, наместо академски студии.

Првиот случај на студент со стручни и специјалистички студии кој бил запишан на ваков начин е од 2019-та година, практично веднаш по измените на Законот во 2018-та со кој експлицитно се забранува ваква ситуација.

Деканот во декември минатата година побарал од Инспекторатот да изврши надзор. Постапката започнала на почетокот од годинава, а финалното решение било донесено во март.

Симона Петровска