Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕВН Хоум повторно избран да ги снабдува домаќинствата со струја, паѓа и профитната маржа

/

пред 922 дена

Сподели преку :

ЕВН ХОУМ повторно избран да биде нов Универзален снабдувач, велат извори за Телма.

Според, информациите аукцијата била утринава. Ова  би значело  дека и во следните пет години ЕВН ХОУМ како и до сега ќе ги снабдува домаќинствата и малите потрошувачи со електрична енергија.  Намалена е и профитната маржа, изнезува  9.9 проценти,  1, 6 отсто пониска од сегашната.  Но, останува да се види дали ова ќе влијае на намалување на цената на струјата.

Сепак, нема информација кој се учествувал на јавното наддавање и дали и другите заинтересирани ги исполнувале условите за да бидат присутни.

Според, информациите ЕСМ Продажба и ЕДС, фирма ќерка на грчкото електростопанство ППЦ исто така беа заинтересирани да бидат Универзален снабдувач.

Извештајот од денешната аукција, Владата ќе го разгледува на некоја наредна седница.

Новиот Универзален снабдувач, улогата ќе ја преземе во јуни.