Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Европа со драстични мерки, заканата од тероризам никогаш не била поголема

/

пред 1081 дена

Сподели преку :

Војната во Израел беснее веќе две недели, а опасноста конфликтот да се прелее и на други територии станува се поголема.

Европа стравува дека поради ваквата ситуација можно е ширење на терористички напади на нејзина територија.

Поради оваа причина, многу европски земји посегнаа кон воведување драстични мерки, ставајќи го слободното движење меѓу државите од шенген зоната во ризик.

Имајќи предвид дека мнозинството арапски земји од Блискиот Исток ја поддржуваат Палестина и бараат од Израел итен прекин на гранатирањето на Газа, како и дека другите милитантни организации како Хезболах и Исламски џихад, како и самиот Иран, се закануваат со влегување во конфликтот во случај на копнена инвазија на Газа, светот оправдано се плаши од прелевање на насилството.

Поради стравот од поголема ескалација, Австрија го суспендираше шенген режимот на границата со Чешка, Германија на границата со Чешка, Полска и Швајцарија, Италија на границата со Словенија и Словенија на границата со Хрватска и Унгарија.

Австрија пак распореди и голем број воен персонал на улиците на Виена, стравувајќи од можни терористички напади.