Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Европската политичка заедница на самит во Будимпешта – како да се позиционира Европа по победата на Доналд Трамп

/

пред 697 дена

Сподели преку :

Безбедносните предизвици, миграцијата, глобалната трговија, економската стабилност ќе бидат на дневен ред на петтиот самит на Европската политичка заедница. Настанот доаѓа по два дена од изборите во САД и на едно место ќе ги обедини лидерите на Европската Унија во Будимпешта, но и други политички ликови од Велика Британија до Турција. Во фокусот ќе бидат обидите за изнаоѓање на одговор како Европа да одговори на изборната победа на Доналд Трамп. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во јуни во интервју за Дојче Веле, порача дека Европа мора да стане понезависна и поотпорна, без разлика кој владее во Белата куќа во Вашингтон.

За домаќинот Виктор Орбан, денешниот ден е среќен, по турбулентниот период со официјален Брисел што, меѓудругото, го предизвика и неговата „мировна мисија“ со Киев, Москва, Пекинг и Вашингтон по преземање на претседавањето со Европската Унија.

Самитот во Будимпешта е можност за Орбан и лично да се наметне како глобален играч, па и мировен посредник за изнаоѓање на решение за војната во Украина, бидејќи важи за близок со Трамп, сметаат аналитичарите.

Европа е во неизвесност. Додека многумина стравуваат, а малку се радуваат по изборните резултати во САД, официјален Брисел е во исчекување на првите потези од Вашингтон. За време на кампањата, Трамп се закани со трговска војна со Европска Унија, повлекување од обврските кон НАТО, но и суштинско намалување на подршката кон Украина… дилеми кои би можеле да имаат сериозен удар за стариот континент.

Европските лидери очекуваа промена во трансатланстките односи. Разликата е што тоа го очекуваа постепено под водство на демократски претседател во Вашингтон, но сега може да се случат сеизмички по победата на Трамп.

Сашко Димовски