Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Европската тројка со порака: Не е момент за предвремени избори, туку за уставни измени

/

пред 1194 дена

Сподели преку :

Државните да се стават над партиските интереси. Ова е пораката од Европската Унија (ЕУ) упатена и до власта и до опозицијата во земјава. Уставните измени се внатрешно прашање, но без вметнување на Бугарите во Уставот, Северна Македонија ќе застане на патот кон ЕУ, а ќе остане и изолирана, што, пак, би било вистинска штета.

„Истрчавте голем маратон и не треба сега да се сопнете на последната пречка“, порача европската тројка на дипломати од Австрија, од Чешка и од Словачка кои вчера беа во официјална посета на земјава, на предлог на европскиот шеф на дипломатијата Жозеп Борел.

Нагласија дека уставните измени се единствената можност за продолжување на европскиот пат, а до Софија испратија апел да размислува стратешки. Според нив предвремени избори на земјава не и се потребни, бидејќи тие би биле контрапродуктивни.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека на одржаната средба со министрите од земјите членки на ЕУ, уште еднаш го повториле својот став дека уставни измени под бугарски диктат нема да поддржат. Според партијата, земјава треба суштински да се фокусира на реформскиот процес.