Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Европски избори, завршување на законодавни процедури, Буџет – Белгија го презеде претседавањето со ЕУ

/

пред 1029 дена

Сподели преку :

Белгија и официјално го презеде шестмесечното претседавање со Европската Унија (ЕУ), најавувајќи амбициозна програма за завршување на законодавните процедури пред истекот на актуелниот мандат на европските институции и подготовка за транзиција кон новите тела на Унијата што треба да се формираат по изборите за Европарламентот на почетокот на јуни.

Но, наспроти претседавањето со Унијата, политичкото внимание на Белгија се повеќе се насочува кон еден друг настан – изборите во земјата закажани за 9 јуни, на кои заедно со новите белгиски европратеници, ќе се бираат и членови на Претставничкиот дом на Федералниот парламент, како и на регионалните парламенти на Брисел, Валонија и Фландрија и на Парламентот на германската заедница.

Пред целото белгиско претседателство ќе претстои макотрпна работи за неколку прашања за кои се уште не постои консензус меѓу земјите членки, како буџетот на ЕУ заедно со пакетот за финансиска поддршка за Украина и финализирањето на новиот Пакт за азил и миграција, особено во услови кога и самата Белгија се соочува со проблеми со сопствената миграциска политика и недостиг на објекти за сместување на барателите на азил.

Иако не ги наведе меѓу своите клучни приоритети, внатрешните реформи во ЕУ поврзани со подготовките за прием на нови членки, како и самото проширување на Унијата, неодминливо ќе бидат меѓу главните прашања за време на белгиското претседавање, особено поврзано со стартот на преговорите со Украина и Молдавија и преговарачките процеси со земјите од Западниот Балкан.

Во такви услови, Белгија ќе мора макотрпно да работи на постигнувањето компромиси меѓу земјите на ЕУ и Европскиот парламент за некои од поважните законодавни регулативи, особено за оние за кои има реални шанси да бидат усвоени пред европските избори.

Покрај ова, според него, Белгија „ќе мора да внимава“, бидејќи по неа претседавањето со ЕУ го презема Унгарија, кој е предводена од евроскептичниот премиер Виктор Орбан.

Унгарија ќе претседава со ЕУ токму кога ќе започне со работа новата Европска комисија и со тоа ќе игра помалку важна улога од Белгија, но затоа Белгијците ќе мора да го подготват теренот за целата транзиција да се одвива без поголеми потреси. Колку ќе успее во сето тоа под бремето на претседавањето со ЕУ и домашната предизборна кампања ќе покаже времето.