Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Европските земји бараат 127 милијарди евра кредити за дополнително вооружување

/

пред 444 дена

Сподели преку :

18 земји побарале кредити во вредност од 127 милијарди евра, преку инструмент создаден за зајакнување на одбранбените капацитети на континентот, соопшти ЕК.

Програмата, наречена SAFE, е во сржта на стратегијата на европската извршна власт за забрзување на заедничката набавка на оружје, како одговор на наводната руска закана.

Создадена со цел да се намали европската зависност од САД, програмата овозможува на земјите членки да добијат кредити под поволни услови.

Според европскиот комесар за одбрана, Андријус Кубилиус, 18 земји поднеле барање за овие кредити, во вкупна вредност од над 127 милијарди евра.

Франција, Шпанија, Италија и Полска се меѓу земјите кандидати за добивање на тие средства.

SAFE е дел од поширока програма што Европската комисија ја претстави кон крајот на март, со цел мобилизација на до 800 милијарди евра за дополнително вооружување на европскиот континент.