Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Евростат: Албанија со најголем пад на населението во регионот, Македонија на четврто место

/

пред 303 дена

Сподели преку :

Населението на Албанија се намалува со многу повисоки стапки, речиси, два до три пати повеќе отколку во другите земји во регионот, според ажурираните податоци од Евростат за земјите кандидати за членство во ЕУ.

Во 2025 година, официјалното население на Албанија броело 2.363.314 жители, со намалување од околу 27.628 луѓе во рок од една година, додека со релативни термини, намалувањето изнесувало 1,2 проценти, што е највисока стапка во регионот.

Според податоците на Евростат, намалувањето на населението во Северна Македонија e 0,2 отсто, во Босна и Херцеговина е 0,3, во Србија 0,6 и во Црна Гора 0,1 отсто.

Во другите четири земји-кандидатки од Западен Балкан, населението се намалило во просек за 0,3 проценти, додека во Албанија се намалило за речиси четирипати повеќе, за 1,1 отсто.

Рапидниот пад кај возрасната група под 30 години главно се должи на високата емиграција, која продолжува да биде меѓу највисоките во Европа.

„Албанците, особено младите и професионалците, заминуваат за повисоки плати, подобри услови за работа и постабилни можности за кариера во земјите од ЕУ. Овој тренд се зголеми по либерализацијата на европскиот пазар на трудот и шемите за регрутирање на земји како Германија, кои имаат голема побарувачка за работна сила“, објави албанскиот весник Монитор.

Во последните години забрзано е намалувањето на населението поради намалувањето на младата популација, што пак брзо ја намалува стапката на наталитет од година во година.

Албанија, има и најниска стапка на наталитет во својата историја на транзиција, со стапка на фертилитет од околу 1,2 деца по жена во репродуктивна возраст, што е меѓу најниските во Европа. Многу млади парови го одложуваат основањето семејство поради економска несигурност, високи трошоци за одгледување деца и емиграција на партнерите.