Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Евростат: Бугарија на последното место по квалитет на живот во Европа, Австрија на прво место

/

пред 1050 дена

Сподели преку :

Бугарија е држава од Европската унија со најмалку среќни или задоволни луѓе. Тоа се наведува во податоците од годишното истражување за индикаторите за квалитет на животот на Евростат. Според анализите на агенцијата, кога станува збор за задоволството од животот, Австрија е на прво место.

Австрија постигна вкупен резултат од 7,9 од 10, додека на второто место се Полска, Финска и Романија со 7,7 бодови.

Италија, Шпанија и Франција се околу просекот со 7,1 бодови. Евростат објави дека граѓаните на ЕУ проценуваат дека се задоволни од квалитетот на животот, а просечната оценка е 7,1.

Бугарија е единствената земја од ЕУ со оценка под шест.