Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Евростат: Во 2024 во Македонија регистриран 131 случај на сексуално насилство

/

пред 148 дена

Сподели преку :

Во 2024 година во Европската Унија биле регистрирани 256.302 кривични дела поврзани со сексуално насилство, од кои околу 98.190 биле силувања, покажуваат податоците на Евростат.

Во споредба со претходната година, бројот на вакви дела е зголемен за пет отсто, додека силувањата бележат раст од седум проценти.

Во Македонија, истата година се регистрирани 131 случај на сексуално насилство, од кои 31 се силување.

Податоците покажуваат минимален раст во однос на 2023 година, кога биле пријавени 130 случаи, додека бројот на силувања е намален од 33 на 31.

Евростат посочува дека бројките во последната деценија бележат значителен пораст, што делумно се поврзува и со зголемена свест и пријавување на ваквите дела.

Најмногу случаи во ЕУ се регистрирани во Франција, Германија и Шведска, додека во регионот највисоки бројки има во Грција, Хрватска и Бугарија.