Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Фајненшл тајмс“: Вашингтон очекува од Киев да го потпише мировниот план до крајот на месецот

/

пред 327 дена

Сподели преку :

Соединетите Американски Држави очекуваат од украинскиот претседател Володимир Зеленски да го потпише предложениот план на Вашингтон за завршување на војната до крајот на наредната недела, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на украински официјални лица.

Американски претставници очекуваат украински потпис на предложениот документ до Денот на благодарноста, во четврток наредната недела, со цел мировниот план да се претстави во Москва подоцна во овој месец и процесот да заврши до почетокот на декември, се наведува во извештајот.

Меѓутоа, според медиумите, малку веројатно е дека договорот ќе биде потпишан во предвидениот рок, бидејќи претставници на власта во Киев изјавија дека не се согласуваат со некои точки во планот.

Порталот „Аксиос“ во средата објави дека САД и Русија водат „тајни консултации“, со цел да развијат нов мировен план кој опфаќа 28 точки поделени во четири категории – мир, гаранции за Украина по пример на Членот 5 на НАТО, безбедност во Европа и идните односи на двете земји до САД. Според портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, САД водат разговори со двете земји.