Фатмир Меџити е разрешен од функцијата директор на Универзитетската клиника за неврологија, потврдија денеска од Министерството за здравство.
На негово место е назначен проф. д-р Игор Кузмановски, долгогодишен невролог и професор на Медицинскиот факултет во Скопје, каде што работи уште од 1996 година.
Истовремено, промени има и на Клиниката за кардиологија, каде што нов директор е д-р Даница Петкоска Спирова – истакната кардиологинја со специјалност во напредна ехокардиографија и дијагностика на каротидни артерии.
Таа е вработена на клиниката од 2011 година и има богато меѓународно искуство и научен ангажман.
Со овие промени, Министерството за здравство очекува нов поттик во унапредувањето на здравствените услуги, особено во двете стратешки важни клиники – за неврологија и кардиологија.











