Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Федерален суд го блокира обидот на Трамп за промена на изборното законодавство во САД

/

пред 492 дена

Сподели преку :

Федерален суд во САД денеска го блокираше указот на претседателот Доналд Трамп за промена на изборното законодавство, поддржувајќи ја групата главни државни обвинители од сојузни држави предводени од Демократската партија, кои ја оспорија мерката како неуставна.

Указот од 25 март предвидуваше обврска за властите да бараат документи за докажување на државјанство при регистрација за гласање на федерални избори, да прифаќаат само гласачки ливчиња испратени по пошта на денот на изборите и да го условат финансирањето на изборите со почитување на новите рокови за гласање.

Групата обвинители тврдеше дека указот „ги узурпира уставните овластувања на сојузните држави и се обидува да го промени изборното законодавство преку декрет“.

Белата куќа го бранеше указот, истакнувајќи дека тој „гарантира слободни, транспарентни и фер избори“ и го опиша барањето за докажување на државјанство како „здраворазумски услов“.