Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

/

пред 122 дена

Сподели преку :

Досегашниот вицепремиер за добро владеење, Арбен Фетаи, ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел, потврди копретседателот на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити. Појасни дека Фетаи веќе официјално поднел оставка од вицепремиерската функција со цел да биде ангажиран на новата дипломатска позиција.

Оваа кадровска одлука доаѓа по периодот во кој Фетаи речиси два месеци не се појавуваше на владините седници и немаше видливи активности како вицепремиер, иако во меѓувреме ја примаше функционерската плата.

Меџити додаде дека коалициските партнери веќе имаат начелна согласност за реконструкција на владиниот кабинет. Сепак, тврди дека партиските лидери сè уште немаат седнато на заедничка маса за да ги утврдат конкретните принципи по кои ќе се делат ресорите.