Украина нема да биде поканета да му се приклучи на НАТО, категорично порача словачкиот премиер Роберт Фицо.
Зборувајќи пред комисијата за европски прашања во словачкиот парламент, Фицо, кој е познат по своите проруски ставови, и минатата година по враќањето на власт ја прекина помошта која неговата земја му ја испраќаше на киев, ги обвини западните земји дека ја втурнале Украина во оваа тешка ситуација.











