Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Филипче: Иницијативите за моја смена се кафански муабети

/

пред 196 дена

Сподели преку :

Иницијативите за моја смена се кафански муабети, тие иницијативи засега се сведуваат на некакви непотпишани писма до медиумите во кои што никој не кажува кој се проблемите, кои се причините што повикуваат на моја смена, повикуваат на одговорност, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Јас сум подготвен да дебатирам на секоја тема. Меѓутоа оваа партија и во минатото видела поделби. Видовме како отцепи една група и отиде во Движење ЗНАМ кои што најавуваа дека ќе бидат коректор на власта, најавуваа дека некако поинаку ќе се однесуваат од Социјалдемократскиот сојуз дотогаш. И што се случи? – Едно мало Движење подизведувачи на криминалните политикина ВМРО-ДПМНЕ. И само неколку луѓе имаат финансиски ќар од таа приказна. Ослабе партијата и ништо друго суштински не се случи, немаше никаков придонес“, порача Филипче.

С.Д.