Сè повеќе излегува на виделина дека премиерот Христијан Мицкоски е прокси руски играч во регионот и тука во Македонија, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче во интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„На тоа укажа еврокомесарката за проширување кога кажа дека нема да примаат тројански коњи во Европа. А сега гледавме во изминатите денови и во текот на вчерашниот ден како унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто бил тој кој што ги пренесувал сите теми од затворените состаноци на Европскиот совет изминатите повеќе години на рускиот претседател Путин. Што направи Христијан Мицкоски и нашата влада? – Нè ставија во скут на таа земја, на тие луѓе, директни соработници на рускиот претседател и агресор Путин“, рече Филипче.
С.Д.











