Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, го обвини премиерот дека лаже за загрозување на македонскиот јазик во евроинтегративниот процес.
Филипче тврди дека во преговарачката рамка со ЕУ јасно стои „македонски јазик“, без фусноти и дополнувања, оценувајќи дека власта преку темата за идентитетот и јазикот шири страв и политички манипулации.
Според Филипче, македонскиот идентитет го загрозува криминалот и корупцијата на Мицкоски и на владејачката партија.











