Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Филипче не сака да коалицира со ДУИ на локалните избори

/

пред 627 дена

Сподели преку :

СДСМ нема да коалицира со ДУИ на локалните избори. Партискиот претседател во интервју вели дека ставаат силен акцент на коалицискиот капацитет, разговараат со голем број партнери од политичките партии и независни кандидати, но само врз принципиелна основа. Ова се базира на искуството од преговорите пред локалните избори во 2021 година.

Што се однесува до кандидатите, Филипче вели дека имаат систем со кој ќе ги идентификуваат најдобрите кандидати да ги претставуваат на изборите. Тие првин ќе бидат предложени од членството, а рејтингот ќе им биде проверен со анкети. Очекува процесот да заврши до крајот на март, а веќе од април избраните кандидати да си ја преземат работата на терен во општините каде што живеат. Внатрепартиската структура е веќе консолидирана и е охрабрен од фактот што се повеќе луѓе доаѓаат на состаноците, што не се случуваше пред една година.

За разлика од нив, вицепремиерот Меџити веќе најави дека се прават договори за поддршка на изборите меѓу владејачките партии. Дали тоа ќе биде пред првиот круг или подоцна, ќе се утврдува допрва.

На ДУИ им остануваат партиите од Европскиот фронт, со кои коалицираше и на парламентарните избори и кои им однесоа голем дел од колачот при поделбата на пратеничките позиции.

Далиборка Демјанска Цветановска