Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Филипче: Резолуцијата за мигранти е противуставна, забрана на говор како во Третиот Рајх

/

пред 293 дена

Сподели преку :

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната седница за пратенички прашања во Собранието остро ја критикуваше резолуцијата донесена од парламентарното мнозинство, оценувајќи ја како директен удар врз уставниот поредок и демократските слободи.

„Мислев да прашам нешто за мигрантите, ама вие донесовте резолуција која е противуставна со која што забранувате слобода на изразување, слобода на говор и се заканувате со кривични постапки, исто како во времето на Третиот Рајх. Резолуција, само тоа ќе каже власта, само тоа е вистината“, рече Филипче споредувајќи ја Резолуцијата со времето на Третиот Рајх.

Тој истакна дека ваквиот документ претставува опасен преседан и отворен обид за замолчување на опозицијата.

„Како Ванчо Михајлов да го пишувал овој документ што мнозинството на власта го изгласа во парламентот“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ во Собранието укажа дека поради ваквите постапки на власта, целосно е маргинализирана дебатата за суштинските прашања, меѓу кои и реформите во правосудството.