Влада која не покачува плати е влада која не се грижи за луѓето, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче. На средба со граѓаните на Маврово-Ростуше рече дека најмногу реакции има за прекинивањето на политиките на постојан раст на платите во сите сектори, додека има зголемување на трошоците за живот.
„Христијан Мицкоски и неговата влада го прекинаа растот на платите и го вратија концептот на ВМРО-ДПМНЕ да бидеме земја со евтина работна сила. Тоа е погрешно и го загрозува стандардот на работниците, на граѓаните. Било какви правдања не држат. Работа на Мицкоски е да обезбеди пари за поголеми плати и СДСМ ќе продолжи да ја притиска владата“, вели Филипче.











