Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Филков бара одговорност од шефот на ОЈО ГОКК Абази за запрената постапка за милионската набaвка на мазут

/

пред 147 дена

Сподели преку :

Министерот за правда Игор Филков побара одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут да биде итно преиспитана, а Советот на јавни обвинители да побара одговорност од шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази.

„Ова е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем. Во време кога јавноста очекува расчистување на сомнежите за милионски криминал и злоупотреби, добиваме порака дека предмети од висок јавен интерес се затвораат без целосна разрешница.

Како министер за правда, сметам дека оваа одлука мора итно да биде преиспитана.

Очекувам целосна транспарентност од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и јасни одговори врз основа на кои факти и аргументи е донесена ваквата одлука.  Истовремено очекувам Советот на јавни обвинители и надлежните институции да отворат прашање за одговорноста на Ислам Абази, затоа што ваквите одлуки директно ја рушат довербата на граѓаните во правосудниот систем“, пишува во реaкцијата на минстерот за правда Филков.