Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Филков: Сè уште нема номинации од Собранието за работната група за Изборниот законик

/

пред 253 дена

Сподели преку :

Министерот за правда Игор Филков изјави дека до Министерството сè уште не се доставени номинации од Собранието за формирање работна група за подготовка на нов Изборен законик.

Тој појасни дека биле испратени два официјални дописи до Собранието – на 31 декември 2025 и на 20 јануари 2026 година.

Филков нагласи дека од Собранието се очекува да номинира по двајца претставници од парламентарните партии и независните пратеници, по што ќе може да се формира работната група и да се започне со изработка на законското решение.

Министерот потсети дека Изборниот законик досега претрпел околу 40 измени, кои поради парцијалниот пристап создале неконзистентност во законот, и додаде дека за негово ново уредување е неопходен широк политички консензус од сите партии.