Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Филков во „Вин-Вин“: Лани се испумпани 1,5 милијарди евра преку системот на јавни набавки, синџирот за проверка е прекинат

/

пред 757 дена

Сподели преку :

Уназадувачки тренд на конкуренцијата во јавните набавки, покажува најновиот 40-ти извештај на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), рече Герман Филков од ЦГК во вечерашното издание на „Вин-Вин“ на ТВ Телма. Извештајот, исто така, открива дека минатата година се испумпани 1,5 милијарди кои минале преку системот на набавки.

„Преку милијарда и 500 милиони. Тоа е рекорд досега. За илустрација, тоа е скоро третина од буџетот, пари кои што се трошат под, навистина, сериозни закани од корупција“, вели Филков.

Според него, штом се погледне документацијата, се добива впечаток за тендер, односно, како што вели, „дали имало чесна намера или имало намера да се намести и веднаш се гледа каде е тоа направено“.

„Секојдневно се среќаваме со инвентивни решенија. Не значи дека старите, од минатиот извештај, ќе се повторат. Знали има нови и нови. Некогаш дури и нè тера да се насмевнеме како им текнало тоа да го направат. Нашиот примерок е случаен. Ние ги избираме тендерите кога ќе се распишат, пред да се спроведат и ги наоѓаме внатре сите тие работи. И, да, тргнуваме ос сомнежот да видиме дали тој тендер е исправен. Тоа секогаш нè води, како што треба да ги води сите институции“, рече Филков.

Тој додаде дека „има црвени знамиња на Бирото за јавни набавки“.

„Ние укажуваме. Не значи дека тие тендери се корумпирани. Тоа значи дека алармот е запален, дека има висок ризик. И понатаму, системот е така направен, тоа треба да е доволно за некои други институции во синџирот да го проверат и да кажат како е. Меѓутоа, тој синџир е прекинат“, нагласи Филков.