Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Финскиот претседател: ЕУ треба да се стреми да го зголеми бројот на 40 членови

/

пред 121 дена

Сподели преку :

Финскиот претседател Александар Стуб презентираше визија за значително проширена Европска Унија, велејќи дека блокот од 27 членки мора „да размислува надвор од кутијата“ и да го искористи моментот за да ја зајакне својата моќ на светската сцена, пишува Си-ен-би-си.

Сопред него ЕУ треба да се стреми да го зголеми бројот на членови на 40 и ги спомена Обединетото Кралство, Канада, Турција, Норвешка и Исланд како потенцијални кандидати за приклучување.

„Прозорецот на можности за проширување на ЕУ е доста краток затоа што кога ќе заврши војната во Украина и можеби кога ќе се промени американската администрација, не знам, тогаш луѓето ќе ја тргнат ногата од гаста и повторно ќе почнат да се жалат на тривијални работи“ истакна Стуб на Самитот за електрична енергија на Европа.