Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ископувале гробови, посмртните останки ги фрлале на градежна депонија – пријава за фирма за погребални услуги од Берово

/

пред 587 дена

Сподели преку :

Вчера во 17:15 часот во ОВР Берово било пријавено дека на место викано „Црвени брегови“, атар на Берово, бил забележан лиценциран извршител за погребални услуги во Општина Берово како на градежна депонија фрла и закопува остатоци од починати лица, извадени од Градските гробишта во Берово.

Веднаш по добиената пријава, во консултација со јавен обвинител и во содејство со ракувач со работна машина багер од јавното претпријатие за комунални работи во Берово, било извршено пребарување на посоченото место и на пошироката околина, но не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело, туку биле пронајдени само остатоци од градежен шут и остатоци од отпад.

По дополнително преземени мерки и по извршени разговори во ОВР Берово било дојдено до сознание дека лиценцираниот извршител на погребални услуги во повеќе наврати вршел ископување на стари гробови и ги фрлал остатоците од починатите лица на друга локација.

Додека, подоцна, по овластување на јавен обвинител, бил извршен увид на гробиштата во село Смојмирово и на удолницата на јужната страна биле пронајдени пет коски кои наликуваат на коски од човек.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Од фирмата за погребални услуги во Берово негираат дека вршеле ископувања на гробови и дека посмртни останки фрлале на градежна депонија.

Викторија Јованова