Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фискална стратегија за економски раст во наредните четири години

/

пред 691 дена

Сподели преку :

Насоките и целите на фискалната политика, основните проекции за приходите и расходите, на дефицитот и долгот во периодот 2024-29 година се конципирани во Фискалната стратегија за која расправаше Собранието. СДСМ предупреди дека таа не е усогласена ниту со Националната стратегија, ниту со буџетот за наредната година. Пратеници од власта и од опозицијата си упатија и навредливи зборови: на „непознавач“ стигна одговор „Шио ми га Ѓуро“.

Намалување на буџетскиот дефицит од 4,9 во 2024 на 2,8 проценти во буџетот за 2029. Подобра макроекономска стабилност и поддршка на економската активност се дел од целите опишани во Фискалната стратегија за наредните четири години.

Проекциите во оваа стратегија се разликуваат од проекциите на Светска банка, ММФ, Народна банка, па и од Националната стратегија, реагираше опозицијата. 

ВМРО-ДПМНЕ побара признание дека претходната Влада е одговорна за финансиската состојба. На барањето да дојде и да го поддржи буџетот, Битиќи возврати со барање за присуство на министерката за финансии. 

Претресот заврши со „прост премин“, без гласање, одлука или заклучок – можност што ја дава собранискиот  Деловник.

Соња Николовска