Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО) Две жртви во руски напад со дронови врз Харков

/

пред 568 дена

Сподели преку :

Руски беспилотни летала погодија воена болница, трговски центар, станбени блокови и други згради во Харков во текот на ноќта, при што загинаа најмалку две лица, а 30 други се ранети, соопштија украинските власти.

Регионалниот гувернер Олех Синиехубов изјави дека 67-годишен маж и 70-годишна жена биле убиени во нападот на вториот по големина град во Украина.

Генералштабот на Украина го осуди „намерното, насочено гранатирање“ на воената болница. Меѓу жртвите има и „војници кои биле на лекување“, се вели во соопштението.

Украинските воздухопловни сили објавија дека Русија истрелала 111 беспилотни летала во последниот бран напади во текот на ноќта. Се вели дека 65 од нив биле пресретнати, а други 35 биле сопрени со опрема за електронско војување.

Меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзините системи за противвоздушна одбрана собориле шест украински беспилотни летала.

Според украинските владини и воени аналитичари, руските сили се подготвуваат да започнат нова воена офанзива во следните недели за да го максимизираат притисокот врз Украина и да ја зајакнат преговарачката позиција на Кремљ во разговорите за прекин на огнот.