Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

( ФОТО ГАЛЕРИЈА) Белград – неколку часа пред големиот протест

/

пред 579 дена

Сподели преку :

Во Белград денеска ќе се одржи студентски протест, а највисоките државни функционери апелираа собирот да се одвива мирно и без инциденти.

Поставена е ограда околу зградата на Народното собрание каде што треба да се одржи протестот.

Сообраќајот во моментов се одвива непречено, а во градот е мирно.

Синоќа, по неколкудневно пешачење од другите градови, студентите и активистите пристигнаа во Белград за да учествуваат на протестот. Граѓаните на Белград и студентите од главниот град им организираа пречек и добредојде на Теразије. На булеварот каде пристигнуваа симболично беше поставен црвен тепих, извести Телма од Белград каде е нашата новинарска екипа составена од Огнен Чанчаревиќ и Зоран Трајковски.