Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Фото) И вечерва масовни демонстрации во Грузија

/

пред 688 дена

Сподели преку :

Луѓето во Грузија и вечерва почнаа да се собраа на улиците на Тбилиси, четврта ноќ по ред, среде тековните про-ЕУ протести.

Грузијците оваа недела демонстрираа за да го искажат гневот поради одлуката на владејачката партија да ги прекине разговорите за пристапување во Европската унија.

Владејачката партија Грузиски сон, која се соочува со обвинувања за авторитаризам и проруски тенденции, освои мнозинство од гласовите на изборите во октомври, но опозициските партии тврдат дека биле изборите биле наместени.

Грузиската претседателка Саломе Зурабишвили претходно рече дека парламентот на земјата нема легитимитет и дека нема намера да ја напушти претседателската функција по завршувањето на нејзиниот мандат во декември.

Замрзнувањето на преговорите предизвика незадоволство во земјата чиј Устав ја предвидува целта за членство во Европската унија.

Новоизбраниот премиер ги обвини противниците за замрзнување на преговорите за пристап во ЕУ дека планираат револуција како онаа од Мајдан во 2014 година, со која беше симнат од власт прорускиот претседател на Украина.

Полициски сили се распоредени во градот за да ги потиснат немирите.

Изминатите денови тие употребија и солзавец и водени топови за да ја растераат толпата, а голем број демонстранти беа уапсени.