Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО) Нагасаки одбележува 80-години од атомскиот напад со порака за свет без нуклеарно оружје

/

пред 435 дена

Сподели преку :

Нагасаки денес ја одбележа 80-годишнината од американскиот атомски напад врз градот, кој на 9 август 1945 година одзеде околу 70.000 животи.

Ова е вториот атомски напад по оној врз Хирошима три дена претходно, со што заврши Втората светска војна.

Околу 2.600 лица од повеќе од 90 земји присуствуваа на комеморативниот настан во Паркот на мирот, каде во 11:02 часот – точното време на експлозијата – беше одадена почит кон жртвите со минута молк.

Градоначалникот Широ Сузуки, чии родители ја преживеале експлозијата, порача дека трагедијата на Нагасаки е „заедничко наследство што мора да се пренесува на идните генерации“.

Тој апелираше за глобална соработка со цел Нагасаки засекогаш да остане последниот град погоден од атомска бомба.

Преживеани и нивни семејства се собраа и во блискиот Парк на хипоцентарот, а се одржаа и молитви во црквите во градот.

Денес бројот на преживеани е нешто над 99.000, со просечна возраст над 86 години – нивната борба против нуклеарното оружје продолжува.

Организации во Нагасаки почнаа да ги дигитализираат нивните сведоштва за да ги зачуваат за идните генерации.

Преживеаните предупредуваат дека нуклеарната закана расте, а истовремено ја критикуваат јапонската влада што не го поддржува Договорот за забрана на нуклеарно оружје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)