Претседателот на САД Доналд Трамп и првата дама Меланија беа евакуирани од вечерата на дописнициите од Белата куќа од страна на агентите на Тајната служба откако маж испукал неколку истрели кон обезбедувањето и се обидел да упадне на вечерата.


По пукањето, Трамп и другите владини функционери итно беа извлечени надвор од салата.

Осмничениот е Кол Томас Ален кој бил тешко вооружен и кој по апсењето рекол дека мета му биле американските власти.












