Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО) Реакции во Киев на веста за повлекување на украинската армија од Авдиивка

/

пред 981 дена

Сподели преку :

Откако врховниот командант на украинските сили, Володимир Зеленски, ја соопшти веста дека украинската армија донела одлука да ги повлече своите сили на поповолни позиции и да го напушти опколениот град со цел да се зачуваат човечки животи стигнаа и првите реакции на граѓаните.

Дел од нив велат ја поддржуваат одлуката да се спасат животите на војниците.

„Мислам дека повлекувањето беше добра одлука… нашите војници ќе беа опколени“, рече 70-годишниот пензиониран инженер и жител на Киев, Олександр.

 

Елизавета, 19-годишна студентка од Криви Рих, рече дека иако повлекувањето од Авдиивка било „неопходно и разбирливо“, Украинците сепак треба да ги задржат одбранбените линии.

 

„Додека ние се повлекуваме, Русите притискаат напред и добиваат територија“, додава таа.

Говорејќи во саботата, Зеленскиј рече дека повлекувањето на војниците е „правилна одлука“ и го нагласи приоритетот за спасување на животите на украинските војници.

Тој посочи дека Русија постигнала малку, додавајќи дека од октомври ја напаѓа Авдиивка „со сета моќ што ја имале“ и изгубила илјадници војници – „тоа го постигна Русија. Тоа е исцрпување на нивната армија“, рече тој.