Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Фотогалерија) По четвртина со сирење и месо и чашка јогурт – Вучиќ го дочека Орбан во Суботица и го однесе на бурек

/

пред 321 дена

Сподели преку :

По четвртина со сирење и со месо и чашка јогурт. Така почна посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Србија кој беше дочекан од претседателот Александар Вучиќ во Суботица. Прва станица во протоколот беше бурекџилницата „Мичко“, каде двајцата лидери појадуваа.

Вучиќ на Фејсбук објави фотографии од бурекџилницата „Мичко“ крај кои напиша дека наместо формални разговори на голема маса, со Орбан одлучил „да решава стратешки теми со топол бурек“. Притоа нагласи оти пријателството меѓу Србија и Унгарија одамна е посилно од протокол и оти средбата „ја зачиниле со добар разговор и уште подобар бурек“.

С.Д.