Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Фото) Лондон блеска во празничен сјај со раскошни божиќни излози

/

пред 315 дена

Сподели преку :

Лондонските најпознати трговски улици Оксфорд стрит, Бонд стрит и Риџент стрит, повторно светнаа во празнично руво, привлекувајќи илјадници купувачи и туристи.

Селфриџ годинава постави огромен Дизни замок, со излози посветени на класици како „101 далматинец“, „Фантазија“, „Снежана“ и „Алиса во земјата на чудата“.

На Бонд стрит, најексклузивните брендови како Картие, Тифани, Луи Витон и Диор ги изложија своите празнични декорации, додека кај Ралф Лаурен повторно се издига новогодишна елка.

Со помалку од еден месец до Божиќ, лондонските продавници влегуваат во најдинамичниот дел од сезоната, надевајќи се дека впечатливите излози ќе привлечат уште повеќе посетители и ќе донесат силна празнична заработка.