Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(фото)По седум месеци пауза Вардариште повторно гори – екологистите повторно најавуваат блокади

/

пред 176 дена

Сподели преку :

„По протестите и јавниот притисок што се случуваа кон крајот на минатата година, Вардариште не гореше цели седум месеци, но денес повторно сме сведоци на истото сценарио: чад, загадување, тешка миризба и директна закана по здравјето на граѓаните. Ова е последно предупредување од наша страна“, се вели во дописот до медиумите од иницијативата „Стоп за Вардариште“.

  • Доколку не се испочитува договореното, не се стави целосен крај на загадувањето што го предизвикува Вардариште и ваквите палења се повторат, нема да останеме мирни, а ќе бидеме приморани и на потенцијално ново активирање на блокадите.

Тие ги повикуваат сите надлежни институции да реагираат итно и со највисок степен на сериозност, а Министерството за внатрешни работи да го вратат полициското присуство на депонијата.

Нема да дозволиме Вардариште повторно да го труе Скопје, децидни се екологистите.