Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО)Снег утрово ja забелеа Македонија

/

пред 612 дена

Сподели преку :

Врнежи од снег утрово зафатија повеќе делови од земјава, а освен на планините мала бела покривка е формирана и во некои од пониските места од државата. Околу 8:30 часот снег почна поинтензивно да вее и во скопската котлина. Прогнозите се дека во главниот град денеска повремено ќе снежи во текот на денот, а температурата ќе достигне до 6 степени.

Според прогнозите на УХМР денеска ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од снег на планините, на повисоките, но и на пониските места. Слаб снег во планинските региони ќе има и во текот на ноќта кон вторник. Снежна покривка утрово е формирана и во Тетово.

Висината на снежната покривка во 7 часот на Попова Шапка изнесувала 29 сантиметри, во Маврови Анови седум и во Крива Паланка еден сантиметар. Ова е вторпат годинава земјава да биде зафатена од пообилни врнежи од снег. Претходно снег завеа на 11 и 12 јануари при што се формирараше значителна снежна покривка.

Сообраќајот, како што информираат од Автомото-сојузот на Македонија, се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот премин Стража и во Маврово.