Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Франција ќе биде виновна во случај на нов конфликт во јужен Кавказ – претседателот на Азербејџан со порака до ЕУ

/

пред 1091 дена

Сподели преку :

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев ја прекори Европската Унија и предупреди дека одлуката на Франција за испраќање на оружје за Ерменија би можела да предизвика нови судири на просторот на јужен Кавказ. Ваквата неговата порака доаѓа по молскавичната азербејџанска воена операција во текот на минатиот месец.

„Претседателот на државата нагласи дека францускирте пратки со оружје за Ерменија не е пристап кој му служи на мирот, туку е насочен кон нов конфликт. Доколку избијат нови судири во регионот,  одговорна ќе биде Франција“, соопштија од кабинетот на азербејџанскиот претседател.

Францускиот претседател, пак, го прекори Азербејџан, велејќи дека се чини оти Баку има проблем со меѓународното право.

Франција постигна договор со Ерменија за снабдување со воена опрема за нејзината одбрана, изјави француската министерка за одбрана Катрин Колона за време на посетата на Ереван на 3 октомври. Меѓутоа, таа одби да објасни каква воена помош е предвидена за Ерменија според идните договори.