Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Франција утре одлучува кој ќе влезе во Елисејската палата

/

пред 1625 дена

Сподели преку :

Се подготвуваат гласачките места во Франција пред утрешниот втор круг за избор на претседател. Гласањето е реприза од вториот круг од пред пет години кога центристичкиот кандидат Емануел Макрон се соочи со лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен. Последните анкети велат дека макрон води со 55% пред ле пен во вториот круг. По последната ТВ дебата, анализите велат дека Макрон успеал за малку да ја зголеми предноста пред Ле Пен, која, според аналитичарите, не успеа да и докаже на јавноста дека е подготвена да владее со Петтата Република. Во првиот круг, таа освои 24% од гласовите што е значително зголемување од пред пет години, а најголемата поддршка ја има од помладата популација. Нејзината евентуална победа би создале и нови проблеми за Брисел, со оглед на нејзината политика дека ќе се обиде да ја реформира ЕУ од внатре.

Но, останува да се види како ќе гласаат 49 милиони Французи кои, во првиот круг гласаа за другите кандидати и одбиваат да им дадат поддршка и на Макрон и Ле Пен. Јавноста е поделена, а утрешниот ден уште понеизвесен за тоа кој пат ќе го избере Франција.