Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Франција на нозе – одлуката за именување на Барние за премиер, извади илјадници луѓе на протести

/

пред 774 дена

Сподели преку :

Именувањето на Мишел Барние за нов премиер на Франција денеска извади илјадници луѓе на улица, во знак на незадоволство од одлуката на претседателот Емануел Макрон.

Анкетата на компанијата Елабе покажуваат дека дури „74 отсто од Французите сметаат дека Макрон ги игнорирал резултатите од изборите, 55 отсто, пак, веруваат дека ги украл“.

Реагирајќи на одлуката за именување на Барние, чија партија на десниот центар е петта сила во парламентот со помалку од 50 пратеници, лидерите на левите партии, синдикатите и студентските организации го повикаа народот на масовни протести за денеска, пред можните штрајкови на 1 октомври.

Францускиот претседател во четвртокот го назначи 73-годишниот конзервативец и поранешен преговарач на ЕУ за Брегзит, за премиер. На тој начин ја заврши двомесечната потрага по личност за наследник на Габриел Атал.

Во првото интервју како премиер, Барние порача дека неговата влада ќе биде составена од конзервативци и од членови на таборот на Макрон… и изрази надеж и на политичари од левицата. Соочен е со тежок предизвик – да состави влада која ќе биде отпорна на обиди за уривање, обид за реформи и носење на буџетот за 2025 година во период на притисок од Европската комисија за потребата од намалување на националниот дефицит.