Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Франција под рекордни температури, прогласена е црвена тревога

/

пред 104 дена

Сподели преку :

Франција ги стави службите за итни случаи и воените сили во состојба на тревога од шумски пожари, ја ограничи јавната потрошувачка на алкохол и откажа некои спортски настани на отворено за да се справи со топлотниот бран што се шири низ делови од Европа.

Околу една третина од Франција е под црвена тревога на националната метеоролошка служба. Температурите се високи на национално ниво, се очекува да надминат 40 Целзиусови.

Ајфеловата кула и другите места во Париз поставија станици со ладна водена пареа за да ги  разладат туристит. Луѓето се разладуваат на фонтаните, градските базени се бесплатни, а некои пливаат во градскиот канал Сент Мартин.

Властите се особено загрижени за постарите луѓе како во домовите за стари лица, така и оние кои живеат сами.. Јавноста не  ја заборави 2003-та година кога во Франција починаа околу 15.000 постари луѓе во топлотниот бран..

Шпанија, Италија, Германија и Обединетото Кралство, исто така, доживуваат високи температури.. еве што велат туристите но и кои се препораките на експертите..