Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Францускиот претседател Макрон утре и задутре во посета на Белград

/

пред 784 дена

Сподели преку :

Францускиот претседател Емануел Макрон утре и задутре доаѓа во Белград, посета во која ќе ја потврди поддршката за европските интеграции на Србија. Макрон ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ, ќе ја открие плочата по повод завршувањето на работите за модернизација на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ и ќе одржи говор на Форумот за млади и вештачка интелигенција.

Шефот на делегацијата на Европската Унија во Белград, Емануел Жофре изјави дека е позитивна вест што Макрон доаѓа во Србија, оценувајќи дека тоа е важно за нејзиниот европски пат.

„Тоа е дел од ангажманот на земјите-членки кои работат на зајакнување на билатералните односи со Србија, а исто така е важно во контекст на европскиот пат на Србија“, изјави Жофре.