Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Галерија)Модни комбинации на собраниска говорница на денешните пратенички прашања

/

пред 444 дена

Сподели преку :

Пратеничките прашања се одржуваат секој последен четврток од месецот. На овие седници пратениците имаат можност да поставуваат прашања кон премиерот, министрите во Владата како и на владините функционери со цел да се зајакне демократскиот систем и да се побара отчетност за досегашната сработена работа.

Пратениците како и владините функционери би требало да бидат олицетворение на државата, а нивниот стил на облекување секогаш да зрачи достоинство и формалност.

На денешните пратенички прашања имаше неколку застапени бои кои можеа да се забележат на комбинациите на говорниците. Па така преовладуваше темно сината и сивата, како и црната и белата, а некои од пратеничките носеа и црвени и жолто зеленикави бои.

Пратеничката Емилија Ангелова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешното обраќање на собраниската говорница носеше црно бела комбинација, со доминантни проѕирни ракави и детали, кадешто можеше да се забележи и тетоважата на десната рака. Таа и покрај црно белите тонови кои ги носеше, привлече внимание и со нејзината невообичаена виолетово розева боја на коса.

Комбинација од бела и жарка розева боја можеше да се забележи кај пратеничките Ваљбона Адили-Емини од Движењето БЕСА и Драгана Бојковска од ВМРО-ДПМНЕ. Сепак пратеничката  Бојковска се разликуваше за нијанса со нејзините впечатливи жолти нокти.

На говорницата на денешните пратенички прашања се обрати и министерката за образование и наука Весна Јаневска, која носеше зелена комбинација со раскошен ѓердан. Бела кошула со шарено здолниште носеше пратеничката од СДСМ Сања Лукаревска, а во црно бело беше облечена Рина Ајдари од ДУИ.

Пратениците Халил Снопче и Ријад Шаќири од Алијанса за Албанците денес носеа маици на куси ракави со јака, додека нивниот колега Сашко Јанчев од Левица на говорницата излезе облечен во црна кошула со долги ракави.

 

Премиерот Христијан Мицкоски носеше елегантен црн костум со бела кошула и вратоврска со суптилни бели детали, додека министерот за транспорт и врски Александар Николоски беше облечен во темно сино одело со вратоврска на линии. Сличен на него беше облечен и министерот за здравство Азир Алиу кој покрај темно синиот костум и светло сината кошула избра да не носи вратоврска. Таква комбинација можеше да се забележи и кај пратеникот Митко Трајчулевски од СДСМ и Реџеп Исмаил од Левица, кој наместо кошула со сакото носеше бела маица. Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи на говорницата зборуваше облечен во син костум, со кошула на линии и впечатлива црвена враторска со дезен.

И покрај универзалните бои кои се карактеристични за носење од страна на политичарите како темно сината и сивата, белата и црната – се почесто во македонското собрание можат да се забележат светли и неонски бои, но и комбинации со шарени дезени кои понекогаш може да означуваат несериозност.

За боите на комбинациите на политичарите, нема пропишани правила, но сепак тие се должни да се облекуваат достоинствено и со почит кон институцијата.

Tea Димковска