Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гаши: Очекувам поголема ефикасност од владата во носење на закони од реформската агенда

/

пред 195 дена

Сподели преку :

Два закона од Реформската агенда моментно се во Собрание, едниот е за јавни обвинители, вториот е за советот на јавни обвинители и набрзо очекуваме повеќе закони од владата, порача претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши по неформалната средба со новинарите.

„Знам дека таму се работи интензивно. Има зголемен фокус во однос на ова прашање и очекуваме во текот на годината поголема ефикасност во поглед на носење на закони од реформската агенда“, изјави Гаши.

Запрашан за отворањето на уставот, тој додаде дека тоа е сензитивна работа. Не сака да коментира, освен што нагласи дека остава на политичките партии да оценат кога е потребно тоа да се направи и околу кои прашања.

„Пред сè е договор меѓу политичките партии и треба две третини од пратениците во собранието да се договорат да отворат Устав“, истакна Гаши.

С.Д.