Работниците во Португалија денеска започнаа 24 часовен генерален штрајк поради предложените реформи на трудовата регулатива. Најголемиот дел од јавните услуги, вклучувајќи го јавниот превоз, училиштата и болниците целосно ја запреа или во голем дел ја редуцираа својата работа приклучувајќи се на штрајкот предводен од најголемиот синдикат во земјата.
Владата на премиерот Луис Монтенегро инсистира дека предложените реформи имаат за цел зголемување на флексибилноста на португалскиот пазар на трудот, но критичарите сметаат дека тие се фронтален напад врз работничките права.
Денеска е денот кога работниците ќе го кажат своето, ќе го искористат своето право на штрајк, да бидат слушнати, да се борат против овој пакет реформи кои ја зголемува нестабилноста на работните места и дерегулација на работните часови, кои ги прават отпуштањата полесни, кои ги напаѓаат токму правата кои денеска ги користиме, правото за борба за подобар живот преку штрајкување, кои го ограничуваат пристапот на синдикатите до работните места. Значи реформски пакет кој е исклучително негативен кон работниците, и работниците денеска го даваат својот одговор, приклучувајќи се на овој голем генерален штрајк, вели тиаго оливеира, претседател на најголемиот протугалски синдикат ЦГТП.











