Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во посета на земјава

/

пред 218 дена

Сподели преку :

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска ќе престојува во официјална посета на земјава. Домаќин ќе му биде претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Генералниот секретар ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба и пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО. Предвидена е и заедничка прес-конференција на претседателката Сиљановска-Давкова и Руте.

Генералниот секретар на НАТО ќе има средба и со премиерот Христијан Мицкоски, како и со претседателот на Собранието, Африм Гаши, по што ќе се обрати пред пратениците во законодавниот дом.

Руте ќе ја посетi и  касарната „Илинден“ каде што ќе присуствува на презентацијата на лесна пешадиска баталјонска група na Armijata и на дел од опремата на оваа единица.

На настанот ќе присуствуваат министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали во Армијата и претставници од Министерството за одбрана.

Ова е прва посета на Руте како генерален секретар на НАТО на Скопје.