Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Георг Георгиев: Градењето добрососедство бара доверба, отворен дијалог и исполнување на обврските

/

пред 614 дена

Сподели преку :

Добрососедските односи се хоризонтален критериум во процесот на европската интеграција и без нив не е возможно да се постигне членство во ЕУ. Градењето добрососедство бара доверба, отворен дијалог, предвидливост и спроведување на обврските.

Ова го истакна бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев на средбата со неговиот колега Тимчо Муцунски, што се одржа во рамките на Минхенската безбедносна конференција.

Бугарскиот прв дипломат истакнал дека ставот на Бугарија во однос на европската интеграција на Македонија е јасен и конзистентен.

– Европскиот компромис од 2022 година вклучува низа мерки и нивното целосно спроведување е единствениот пат напред. Вклучувањето на Бугарите, на рамноправна основа со другите народи, во Уставот на Република Северна Македонија е само првиот чекор, чие спроведување ќе му овозможи на Скопје да ги започне преговорите за членство, истакнал бугарскиот шеф на дипломатијата.

Георгиев категоричен дека не е можно повторно преговарање или заобиколување на постигнатите договори зад кои стои цела ЕУ.