Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Германија го запира извозот на воена опрема во Израел

/

пред 436 дена

Сподели преку :

Германија нема да одобри никаков извоз на воена опрема во Израел што би можела да се користи во Појасот Газа до натамошно известување, изјави канцелар Фридрих Мерц, во врска со планот на Израел да ги прошири своите воени операции на палестинската територија.

Ослободувањето на израелските заложници и преговорите за прекин на огнот се главни приоритети на Германија, рече Мерц, изразувајќи длабока загриженост за страдањето на цивилите во Појасот Газа.

Германија со децении е цврст поддржувач на Израел, забележуваат агенциите.